РИБИ
Работа
Преку целата година ќе се однесувате помалку чусно и екцентрично. уаран престојува во вашиот знак, па очкувајте се да се случува нагло и необично.дите активности кои ќе ги превземате на работното место или воопшто во бизнисот ќе бидат поврзани со пријателите, некакви здруженија или политички партии. Исто така јавниот живот ви е добро аспектиран па може да се јкаже дека Јануари е доста поволен за политичарите и јавните личности. Можене некој немил настан поврзан со близок пријател о д кој ќе имате некаква штета. Фебруари уште поповолно се аспектирани политичките активности, ќе иамте исклучителен шарм и добро ќе ве прифаќаат пошироките маси, па искористете го максимално овој период. Исто така добар е за лекарите ве очекуваат семинари, специјализации и и други видови на усовршување на знаењето. Со влегувањето на Сонцето во вашиот знак се јавуваат и мали непријатности пред се во вас самите. Ќе ви биде нагласена арогантноста и егото, а сето тоа ќе го презентрирате нагло и бурно.преоблемот не е толку во особините колку во тоа што едноставно не ви стои таква карактеристика. Па затоа во очите на јавноста можеби ќе изгледате смешно. Пролетниот период ќе започне со проблеми со финасиите и некои неочекувани загуби. Помошта од пријателите нема да биде доволна, а среќата ни малку нема да биде на ваша страна. Во Мај се подобруваат комуникациите, но проблемите со финсиската состојба остануваат исти. Одлично ќе комуницирате, а таа комуникација ќе ви биде директно поврзана со успех во кариерата. Ќе настапувате мудро помошта од пријателите не ви е потребна, може само да биде проблематична. Делувајте сами така најдобро ќе ја завршите работата. Исто така во овој период ве очекуваат доста патувања на кои ќе реализирате средби со некои пријатели од минатото. Во овој период внимавајте на изјавите и не ја искривувајте вистината. Во Јуни ќе имате засилени активности на работното место можни се нови проекти, а и работа во тим во кој навистина ќе можете да ги искажете своите способности. Доколку проектото или работата се поврзани со уметност навистина ќе има што да покажете. Можни се мали проблеми во комуникациите меѓутоа сето тоа добро ќе се заврши доколку бидете свесни за вашите постапки. Летниот период ќе бидет епомалку мрзеливи нема да ви се раобти, а ќе се трудите да прнајдете начин да ги избегните сите активности кои не ви носат голема добивка или кои можете да му ги префрлите на другите. Во Август ќе ви се натрупа доста работа па сакале или не ќе морате сериозно даму пристапите на проблемот. Исто така овој месец е доста поволен за привршување на започнатите проекти, но при тоа внимавајте чија ќе биде заслугата, некој може многу лесно да ликува со вашиот труд. Септември се појавувааат некои проблеми во врска со наследнство можни се некакви судски спорови со пресуди кои нема да бидат во ваш интерес, па доколку сте во можност во овој период одложете ги истите барем за наредниот месец кога ситуацијата ќе биде значително подобра. Октомври е добар за студентите и полагање на испити. Ноември е одличен за напредок во кариерата, искористете ја помошта од пријателите, а при тоа внимавајте на тајните непријатели можат да ви ги пореметат плановите. Генерално 2024 година е одлична за кариерата, а полоша за финансиите.



Љубов
Преку целата година ситуацијата ќе биде добра со помали осцилации во есенскиот период, посебно среќни ќе бидат оние во брак кои ќе имаат хармонична година полна со позитивни настани, можеби промена во подобро живеалиште и сл. во Јануари можни се мали трзавици во семејството највероватно ќе биде недоразбирање со некој член од поширокиот круг на семејството, можеби делба на имот и сл. во Фебруари состојбата се смирува некој член во семејството се враќа од далеку или можеби се работи за успешно лекување на болен, како и да е Фебруари е доста среќен и за семејството и за бракот. Во Март со влегувањето на Сонцето во вашиот знак се јавуваат проблеми во бракот во овој период како што нема да бидете подносливи на работнтото место така и брачниот другар не ќе може многу да ве трпи. Април ќе биде доста непријатен за слободните ќе имаат непријатно искуство највероватно со постара личност или агресивна личност. Избегнувајте ги врските во овој месец во Мај состојбата нагло се менува кон добро со подобрувањето на комуникациите лесно ќе си најдете сродна душа за љубов, само внимавајте да не биде тоа некој близок пријател. Личностите родени во вашиот знак и во знакот на Бик во овој период ви се одлично аспектирани па влегувањето во врска со некоја од нив би значело среќе почеток. Рибите во брак највероватно ќе се радуваат за успехот на брачниот другар во кариерата а со тоа и повисок стандард на живеење. Во Јуни се служуваат доста пријатни работи во семејството. Мали недоразбирања ќе бидат присутни, меѓутоа истите ќе бидат поволни за резрешување на некои проблеми. Летниот период не е добар за нови љубовни врски. Во Јули можни се прекинувања и тоа највероватно ќе биде под притисок на семјеството. Личноста со која сте во врска нема многу да им се допадне на вашите родители. Овој месец за Рибите во брак е многу поволен, меѓутоа во наредниот почнуваат проблемите, нагло се јавува љубомора без некоја причина. Особено ќе ги зафати родените во третата декада. Во есенскиот период состојбата се средува исто така овој период ќе биде најповолен за Рибите во брак. Слободните ќе бидат доста пасивни највероватно пичината ќе биди во зафатеноста на работното место меѓутоа постои можност за љубов со некој близок соработник. Почетокот ќе ви биде среќен, но како што ќе се развиваат настаните можеби ќе сватите дека сте направиле греша. во целост 2024 година е одлична за љубов.



Здравје
Во првата половина од годината највероватно нема да имате проблеми со здравјето меѓутоа ќе треба да внимавате на повреди особено во долниот дел на нозете. Најчуствителни ви се колената. Во втората половина чуствителни ви се бубрезите, можни се проблеми поврзани со циркулацијата на крвта и некакви инфекции на цревата. Рибите кои имаат хронични болести би можеле да наидат на некои проблеми, меѓутоа со повеќе дисциплина ќе ги заобиколат. Жолчката во пролетниот период ќе ви биде доста чуствителна. Во овој период ќе треба да бидете посериозни околу исхраната. Кај родените од третата декада можни се мигренозни главоболки кои најдобро ќе можете да ги лечите на чист воздух, помалку алкохол и цигари. Во есенскиот период може да ве измачува несоница и главоболки, но тоа е вообичаено кај вашата чувствителна природа. Бидете во друштво со луѓе кои делуваат смирувачки на вас.