Ноември
Работа

Ве очекува одличен месец со исклучок на родените во првата декада кои се под негативно влијание. Ќе имате динамичен месец полн со неизвесности, среќа возбуда, но и разочарување. Комуникативноста ќе ви биде зголемена, ќе ви се отоворат многу нови перспективни, ќе правите многу нови планови без разлика дали можете да ги реализирате или не како и да е ќе бидете во елементот и ќе се чувствувате многу деловно. Ќе се впуштите во ризична инвестиција и покрај некои забрани и предупредувања од соработниците. Размислете, тоа може скапо да ве чини. Чувајте се од лажни ветувања. Секако не претерувајте во оценката на своите можности бидејќи постои граница која во овој момент ја имате оставено далеку зад вас. Ќе имате доста деловни состаноци и контакти. Искористите некои влијателни пријатели и побарајте некое подобро работно место, сега е моментот за тоа. Сосема обратно важи за Рибите родени во втората декада кои не можат да очекуваат баш ништо добро. Ги очекува период на лошо расположение кое може да ве направи доста невнимателни. Дури кога ситуацијата ќе биде јасна, кажете го вашето мислење, а потоа исчекувајте го исходот. Препорачливо е повеќе внимание да посветите на интелектуалната работа зад затворени врати и да се воздржувате од физичките активности. Претпоставените, можеби ќе ви стојат на патот. Што и да превземите потрбена ви е тактичност. Не разочарувајте кон крајот на месецот ќе се расчисти негативниот аспект, па ќе можете малку да здивнете и да му се приклучите на останатите Риби. Финансиската состојба преку целиот месец се подобрува. Очекувајте добри вести за некое наследство.

Љубов

Почетокот на месецот нема да биде многу сјаен за љубовта, меѓутоа веќе од наредната недела, а уште повеќе од средината на месецот ситуацијата значително се подобрува. Ве очекуваат некои нови љубовни врски кои ќе ви донесат повеќе од очекуваното. Ќе зрачите со шарм, па наклонетоста на некои ваши соработници би можела да премине во нешто друго. Ако се работи за флерт до некаде е во ред, меѓутоа не одете понатаму. Држете се до нормите бидејќи излетите во непознато нема да ви се исплатат првенствено во работата. Вашиот најдобар период е некаде во средината на месецот кога во многу работи ќе напредувате, па така и во љубовта. Ќе успеете да ги здружите убавото со корисното, но при тоа внимавајте на неочекувани трзавици во љубовната врска, па цела таа хармонија да падне во вода. Рибите во брак ќе мора да превземат посериозни чекори и да го променат тоа што не функционира во односот со партнерот. Веќе подолго време ги криете и се обидувате да ги заборавите некои постапки на партнерот кои ве повредиле. Можеби сега е вистинскиот момент да ја решите таквата ситуација. Ако мислите дека некои работи не може повеќе да се трпат бидете отворени и кажете што мислите. Нов емотивен почеток очкувајте во последната декада од месецот, било во облик на нова врска, венчавка, страсно вљубување или важни интимни одлуки во врска со вашата иднина. Кај некои желбите стануваат веќе сосема јасни, само што вие никако не можете да решите и да го направите пресудниот чекор. Саканата личност може да почне да го губи трпението. Размислете околу љубовната врска и постапките на членовите на семејството и партнерот. Бидете внимателни, донесете мудра одлука. Вие го сакате најдоброто, но некој не ве цени доволно.

Здравје

Добрата поставеност на Сонцето и Марс за вашиот знак позитивно ќе делува на вашата виталност. Ќе се чувствувате полни со енергија и така ќе биде поголем период од месецот. Меѓутоа исто така опасноста од повреди ви е зголемена. Имунитетот исто така ќе ви биде висок, а првите слабости на организмот ќе ги почувствувате после 21 ноември кога Сонцето ќе влезе во знакот на Стрелец и негативно ќе го аспектира вашиот знак посебно родените во првата декада.

Совет

Не претерувајте со ризикот во се што ќе работите. Исто така не си ги преценувајте сопствените способности.

Идеален партнер

Во овој период ќе ви одговараа сите водени и земјени знаци, но најинтересно мои да ви биди со Скорпиите. Ова е посебна и многу нијансирана врска, која е тешко да се разбере ако човек не е Риби или Скорпија и веќе тоа не го искусил. Многу често личи на садо - мазохистичка врска, што е, се разбира, совршено ако секој од нив двајца се чувствува добро во својата улога. Но, не се сите Скорпии садистички расположени, па затоа потчинетоста, недофатливоста и љубовната опсесија на Рибите - иако ги фасцинира на почеток - после неколку месеци почнува да ги нервира. Што и да било, овие двајца имаат толку заеднички склоности и слични фантазии, така што во заедничкиот живот нема да се досадуваат. Во најлош случај ќе потонат во мелодрама, и тоа со уживање.