Месечината како владетел на Ракот го претставува одговорот на поединецот на влијанието на околината, па со тоа е воедно и клуч за разбирање на сексуалниот одговор. Управува со емоциите, ја покажува способноста да ги почувствуваат потребите на другите, исто како и сопствените. Да се биде способен за грижа за некој друг е знак за емотивна зрелост и аспектите спрема Месечината покажуваат како личноста реагира на туѓите потреби и барања - инстиктивно или е попречена од сопствените. Месечината ги претставува и навиките, она што го повторуваме низ нашите животи. Астролошката традиција вели дека во наталната карта на жените Месечината е поважна од Сонцето. Можеби тоа беше точно во минатото кога жените само одговараа на надворешните влијанија, неспособни и сопрени и самите да дејствуваат, посебно во љубовта. Денес жените веќе немаат пасивна улога и ги достигнуваат своите најдлабоки потенцијали исто како и мажите. Полето во кое се наоѓа Месечината е подрачје на несвесното, така да нејзините активности стануваат вообичаени попримајќи дури и облик на навика. Неповолните аспекти со Месечината укажуваат на несигурност и како одбрамбен механизам се јавува агресивност спрема другите, а со тоа и тешкотии во љубовта.
Личноста кај која е нагласена Месечината или Ракот се одликува со богат внатрешен живот и силни импресии. Се заљубува во зависност од дадената ситуација, како да доскитал од некаде и се врзува случајно. Несвесно бара семејство, а сепак тешко се одлучува за брак, потребно е да се поттурни, после тоа е благодарен бидејќи се прилагодува скоро на се. Кога се одлучува за брак прекинува со бурното минато. Се прилагодува кон сите околности, знае да го поднесе дури и неверството затоа што огништето и традицијата му се свети. Се чувствува среќен во интимниот домашен амбиент, затоа му треба цврст партнер кој ќе му овозможи постојаност. Бакнува внимателно и нежно. Коитусот најчесто е пропратен со воздишки, сака повеќе душевност отколку естетика.
ТАА: Не покажува премногу надворешна убавина, телесната страст е латентна, неизразена. Мирна, повлечена, се двоуми и на идеалната брачна понуда. Извор на топлина, од нејзе извираат тивки и бујни чувства, волшебство на мечтите и ноќта. Непретпазлива, плашлива, подложна на секакво влијание, па неправедно ја оценуваат како лесна роба. Никогаш не ја открива љубовта, во смислено припремената романтична стапица паѓа заради тоа што не знае да даде отпор, потоа долго трпи и плаче. Постојано патува со мислите, па грубата јавност понекогаш ја доживува како сон. Многу е приврзана кон домот, мажот, децата. Без деца животот и е промашен и се посветува на религија. Обично има бујни гради. Еросот во бракот е светост, неверна е само во соништата, темницата и сонот доловуваат многу страсти во сите можни пози, ни воведни бакнежи не се потребни. Ако е изневерена простува и страда, така да тоа може да ја одведе во носталгија и трагедија. Мајка која се жртвува.
ТОЈ: Прилагодлив и способен да проникне во суштината. Како момче троши во весело друштво, како оженет толку се грижи за куќата и жената, така што жената мора да го тера да излези. Понекогаш, како инстиктивно гради куќа покрај вода, ја негува градината и домашните животни. Собира спомени, памети детали и ја продолжува традицијата. Потребно е само мал број добри аспекти за бракот да бида среќен. Се прилагодува кон секој тип, ги простува грешките, ја поднесува судбината. Потребна му е жена која ќе ги средува неговите замрсени преокупации, која ќе го поедностави животот и зацврсти постојаноста. Еросот во младоста му служи за пополнување на постојаната жед за душевни доживувања и промени. Во бракот наеднаш се откажува од друштвото и прекинува со сите поранешни авантури. Неверен е единствено ако нема душевен мир или ако почне да пие. Потребна му е практична и работлива жена која не попушта премногу.
Личноста родена во знакот на Рак можеме наједноставно да ја опишеме како некој кој е во постојана потрага кон совршена љубов, нешто како неограничена и заштитничка мајчинска љубов. Ракот е занесеник кој очекува во љубовта да најде се, да верува во се, да се занесе. Прилично наивен и романтичен, Ракот често се изложува на опасноста да биде разочаран. Некогаш сепак успева да го контролира своето воодушевување и да покаже малку разбирање; само стравот од страдањето го прави да биде внимателен. После доживеаното лошо искуство долго ќе се преиспитува пред да се впушти во нова авантура.
Заљубениот Рак потполно е под влијание на својата љубов и преполн е со нежност. Тој околу саканата личност како да плете густа мрежа и не пропушта прилика да стане неопходен и ценет. Многу е постојан во љубовта, но не се задоволува со ништо друго освен со потполно предавање. Ако ја пронашол вистинската личност за себе, Ракот нема да ризикува да ја изгуби, затоа што за него верноста се подразбира. Но, затоа и од својот партнер многу очекува, поимот самостојност тој не го познава.
Ракот постојано очекува докази за љубовта, охрабрувачки зборови и докази за иднина. Со еден збор тој се предава со душата и со телото. Сепак во ваквата врска демнат две опасности: навиката и посесивноста. Ракот е во состојба да го задуши партнерот со својата љубов, иако тоа никогаш нема да му биде јасно, а оставениот Рак страшно ќе страда. Сепак тој не се предава лесно, а ако сфати дека крајот е неизбежен, тој може да стане дури и непријатен. Неговата љубов тогаш може да се претвори во омраза кон личноста која го напуштила. Напуштениот Рак ќе живее во сеќавањата на убавите моменти се додека не наиде на нов партнер кон кој срцето ќе му затрепери и кого, се разбира ќе го идеализира.
Заљубениот Рак длабоко сака да се врзе, на било кој начин-само е важно да постои доказ дека неговиот партнер е недвосмислено со него, дека нема да го напушти. Ракот ретко прв размислува за разидување, посебно не на суров начин, дури и кога не е се совршено, Ракот со време се повеќе се врзува особено децата најповеќе значат врзување за партнерот. Доколку случајот одлучи поинаку, таткото или мајката Рак упорно ќе се борат и да ги остварат своите права за грижа за потомството.
Иако е посесивен и љубоморен, Ракот ќе замижи пред ситниците и минливите заблуди. Меѓутоа ако се почувствува загрозен, ќе покаже како борбен и способен детектив. Изневерениот Рак страда толку што станува опасен.
Ракот не е од оние кои на планот на сексот трчаат по подвизи, туку го интересираат силата и жештината на предавањето. Ракот како љубовник е полн со внимание и грижа за задоволството на својот партнер. Но, сака да го води главниот збор и не му недостига фантазија. На жената родена во знакот на Рак потребна и е прикладна атмосфера и многу нежност за да ги победи своите стравови. Сепак во неа се кријат и невиност и развратност. Кога на некого ќе му се препушти, таа тоа не го прави половично, ќе направи се за да го задоволи својот партнер, затоа што Раковите во суштина не се срамежливи. Сетилните доживувања ги прима со зборови и фантазија. Сака интимност во љубовта и во односите, скриена од туѓите погледи. Мажот Рак е нежен и трпелив со партнерката, обожава женска долна облека со чипка. Може да биде уплашен од жена која е премногу искусна и слободна, особено ако има намера да ја земе за жена.
Ракот од сите зодијачки знаци најмногу брза да влезе во брачните води. Жената Рак рано стапува во брак, можеби нема наполнето ни дваесет години. Но, за неа чинот на венчавката, па и она што доаѓа потоа, не е обврска, туку личен избор, желба, сон, сон кој се сонува во двајца, а кој таа сака да почне што побрзо. Но, жената Рак знае дека тоа е и онаа драга, убава обврска, па затоа ја прифаќа со полно ентузијазам и волја. И не само тоа таа со еднаков жар ги прифаќа и одговорностите кои се наметнуваат во бракот. Благодарејќи на нејзината чувствителност, сензуалност, топлина, нежност, безграничното разбирање и пред се љубовта, оваа обврска, наречена брак нема вкус на обично и прозаично секојдневие. Ова истото важи и за мажот Рак и тоа во истата мерка. А кога ќе дојдат деца, тие ќе претставуваат прекрасна разонода за луѓето Ракови. Со децата максимално се занимаваат, со своите но и со туѓите, со нив уживаат, многу ги сакаат, па затоа умеат со нив.