Март
Работа

Месецот ќе го започнете со финансиски проблеми и изнаоѓање начин за нивно решавање. Само неочекувана помош од влијателни пријатели од политичката сфера можат да ви помогнат да излезите на крај со проблемите. Исто така подршката од семејството доста ќе ви помогне. Нагласена е соработката со странство, па доколку имате некои можности потрудете се тоа да го реализирате. На работното место можни се судири со претпоставените и тоа највероватно поради вашата неагилност која во овој период ќе ви биде нагласена. Исто така овој месец е добар за вработување, па незапослените со помош на моќни пријатели или некои други авторитативни личности можат многу лесно да се наместат на добра положба. Нека не ве изненади повикот од нивна страна, бидејќи тоа ќе биде неочкувано. Првата декаде одлична е за деловни партнерства особено за оние брзи и ситни трговски зделки. Втората декада ќе биде одлична за просветните работници, студентите и учениците меѓутоа нема да биде многу добар за оние кои работаат со пошироки маси, а тоа се политичарите или вработените во медиумите. Со влегувањето на Сонцето во знакот на Овен, после 21 Март, ќе мора да внимавате на сите активности кога вашата кариерата ќе биде во прашање. Овој период посебно нема да биде поволен за родените во првата декада кои ги очекува судир со претпоставените или некои други моќни личности од кои во секој случај ќе излезете како поразени. Внимавајте тоа да остане на работното место бидејќи опасноста ви се заканува и кон целото ваше семејство. Исто така во овој период можни се и некакви судења или решавање на некакви судски спорови кои тешко дека позитивно ќе бидат решени. Кон крајот на месецот следува подобрување на финансиската состојба, а со тоа делумно многу проблеми ќе се решат.


Љубов

Веќе на самиот почеток од месецот планетите нудат прилика за нова љубов. Венера е одлично поставена во знакот на Јарец, па тешко некој од слободните Ракови дека ќе останат слободни, посебно ако се родени во третата декада. Родените од првата декада ќе мора малку да почекаат за љубовната среќа меѓутоа до крајот на месецот како и да е ќе ја најдат. Март за вас е страствен месец, па многу од вас особено оние најмладите можеби за прв пат ќе ја најдат својата љубов токму во овој период. Доколку сте заљубени во некој роден во знакот на Овен подгответе се за предавство или неверство. А доколку пак сакате некој кој е роден во овој знак да го заведите токму во овој период можете да успеете во тоа. Период за забава прекинува со влегувањето на Венера во знакот на Водолија во втората декада од месецот. Во третата декада од месецот ве очекуваат бурни настани и несекојденеви промени, а сето тоа во скалад со разбудените страстни, возбудувања и драматични пресврти. Ќе уживате во секој облик на дружење со личностите од спротивниот пол. Дружењето со пријателите нагласено е во последните неколку дена, па можеби во овој период малку ќе се одалечите од љубовта. Само кога ќе почнете да се чувствувате заморно тогаш ќе се враќате во прегратките на старате љубов. Внимавајте тоа може да доведе до депресија, се разбира тоа ќе биде само привремено, но сепак не дозволувајте да ви ја блокира енергијата и да ве застани на патот до успехот. Помеѓу 15 и 20 март постои опасност од нервни напади, токму онакви какви ви прилегаат на вашиот стил, со многу галама и несопирлив бес. Бидете особено внимателни во овој период, бидејќи можете да загубите близок пријател или да пропуштите добра љубовна прилика. За вас редот и мирот во семејството се најприоритетни во животот, па можеби ваквата состојба да се одраза и на вашето здравје.


Здравје

Ќе имате силна концентрација и физичка енергија. Витални сте со голема способност на регенерирање, но сепак не се исцрпувајте премногу бидејќи сите имаат граници. Претераното исцрпување може сериозно да ви ја наруши рамнотежата и да ви наметни хронични здраствени проблеми. Бубрезите ќе ви бидат чуствителни во средината на месецот, кај некои можни се силни болки кои ќе ве натераат на користење на некои посилни лекарства. Ако веќе можете без нив пробајте со некои чаеви и тревки. Променете ги вашите лоши навики или подобро искоренете ги како што се цигарите и алкохолот вие сте познати по силната волја па сигурно дека тоа можете да го сторите.


Совет

Не се користете со лаги, во овој месец тајните ќе бидат многу кратки, а ако бидете фатени можат да станат и фатални.


Идеален партнер

Единствено Девицата во овој месец може да ги разбере вашите комлицирани чувства. Во очите на околината изгледаат како идеален пар. Меѓутоа еротската врска не е јака ниту страствена како што сакаат да ја прикажат. Во самата игра Девицата прави недолични постапки кои ја навредуваат длабоката интима на Ракот. Овие двајца подобро да не го испитуваат минатото, затоа што сомнежите кои се јавуваат фантазијата можи да ги преувеличи. Ги врзуваат прашања околу здравјето, домот, исхранат, економијата и сл. Многу малку е веројатно дека сексот во оваа врска ќе има значајна улога затоа Што ни еден од нив не чувствува голема потреба за него. Но сепак тој ќе биде фактор кој во нивниот живот ќе внесе повеќе топлина и нежност. Хармонијата во оваа врска ќе ја нарушуваат само ситни расправии.