Ракот верува во помош и најчесто работи спротивно од должностите. Болеста кај него се јавува од водата, јадењето, пиењето, и слатките. Чувствителни места им се градите, стомакот, долните ребра и долниот дел од белите дробови, дијафрагмата, панкреасот, крвната плазма, горниот дел на црниот дроб, пробавата. Исто така болести можат да се јават и од емотивни тешкотии, приврзаности кон некое место, од лоша диета и пиење, но исто така можат да бидат и наследени. Најчесто заболуваат од реума, склероза, тумури, туберкулоза, рак, хипохондрија, гастритис, епидерма, хистерија, душевни тешкотии. Поретко ги напаѓа скорбут, астма, ишијас. Карактеристично за Раковите е тоа што болеста им извира од фанатазијата, па затоа се најчесто хипохондрици. Потребно е да се чуваат од влага во станот, често да излегуваат во планина или насело. Добро ќе им дојде да ги мијат градите со ладна вода, а да конзумираат топла супа, риби и месо. За Раковите дрогите се опасни, додека пушењето не е толку опасно. Може да ги излечи и сугестија и треба да се внимава што се зборува пред нив.
ИСХРАНА
Под доминација на Месечината мажот роден на почетокот од летото без некоја посебна причина може да премини од претерана страственост во незаинтересирано однесување. Причината е неговата пречуствителност, па може да го повреди и најмала ситница. Према кинеската медицина има влажна градба поради што ги задржува течностите. На овие мажи почесто му недостасува полова и ментална енергија. Брзо се заморуваат и затоа мора да се интервенира со изборот на храна, која ќе го одстранува вишокот на течност. На ракот му се потребни стимулативни и закрепнувачки јадења како шро се свинските бубрези, пилешкиот, јагнешкиот и говедскито џигер кои содржат малку маснотии, лесно се варат, а ја стимулираат работата на бубрезите. Следуваат домати, боровинки, лук и ѓумбир. Му недостасува витаминот Б1 кој можи да биди причина за неговите променливи расположенија. Затоа на масата секогаш теба да има доволно тестенини и леб.