РАК
КАЛКУЛАТОР ЗА ПОДЗНАК

Рак-Овен     
Овие личности се одликуваат со жестоки, импулсивни чуства и често преживуваат внатрешни конфликти меѓу волјата и емоциите. Поседуваат особини кои ги прават големи патриоти, ја сакаат татковината и се жртвуваат за неа. Самостојни се и доживуваат успех во јавноста, но прават многу грешки заради честите промени на расположението. Имаат изразени способности за организација, ценети се, но и претерано горди. Често се жалат на главоболки, но може да им страда и црниот дроб.      

Рак-Бик        
Троми и најчесто крупни луѓе. Имаат склоност сите работи да ги подредат на своите интереси за домот, семејството и материјалните добра. Остваруваат чисти и добри врски со пријателите. Нагласен им е еросот и се впуштаат во деликатни доживувања со жените. Поседуваат дарба за уметност. Јаките импресии кои интензивно ги доживуваат често се причина овие луѓе да се занимаваат со сликарство. Склони се кон раскош, пријатен, но и среден и мирен живот во домот и семејството.            

Рак-Близнаци         
Прилагодливи на секоја ситуација, овие луѓе секогаш и секаде се способни да се извлечат од наизглед безизлезна ситуација. Имаат прецизно памтење. Материјалната состојба не ја гладаат премногу сериозно, па затоа иако можат многу да заработат, заработеното брзо го трошат. Итри се и нерешителни, а многу често неодговорноста ги тера да се однесуваат несериозно кон прифатените обврски. Кај оваа комбинација најосетливи се белите дробови, па се препорачува да избегнуваат пушење и консумирање на алкохол.   

Рак-Рак        
Воображени и флегматични личности, често со променлив карактер и расположение, кое е условено од моменталнаат положба на најбрзото небесно тело - Месечината. Се чувствуваат приврзани кон масата народ која ја следат. Имаат попустлива и чувствителна природа. Се жртвуваат за се што им е мило и блиско, а најмногу од се се приврзани кон семејството. Имаат развиена фантазија која преминува во визии. Заради тоа се надарени сликари и писатели на романи. Често страдаат заради чувствата и добрината.   

Рак-Лав        
Ова се личности во кои доаѓа до судир дали да се приврзат кон аристократијата или кон обичноит народ. Ги очекува успех во затворени установи и организации од затворен тип. Проживуваат многу интимни конфликти, но нивната трпеливост како да нема граници. Доколку планетарната конфигурација во наталниот хороскоп тоа го дозволува можат да станат славни, но со нестабилна и често опасна положба. Сакаат да се истакнуваат пред другите и да се центар на внимание. Се одликуваат со голема доза на страст и водат здрав сексуален живот.

Рак-Девица 
Изразено неодлучна личност, скоро постојано под влијание на околината и многу лесно ги прима туѓите влијанија. Голема несигурност во донесувањето на одлуки. Во бракот често има пасивна улога. Се одликува со силна фантазија и способност за создавање на книжевни дела. Како пријатели се добри и пријатни во друштво, го сакаат домот и собири во домашна атмосфера. Склони се на економично работење и одлични се трговци. Можно е да имаат проблеми со органите за варење.         

Рак-Вага      
Комбинација кај која се нагласени чувствата и емоциите. Овие личности се одликуваат со слаба креативна волја и често пати ја менуваат професијата. Проблемите во кои често запаѓаат знаат да ги преувеличат. Неодлучни се и успехот и општествената положба им зависи од околината. Несебични се и често спремни да помогнат. Омилени се во јавноста и секогаш сакаат да бидат во тек со настаните. Имаат изразена смисла за правда, но ретко се искрени. Чувствително место им се бубрезите.

Рак-Скорпија          
Овој тип на личности се одликува со огромна креативна фантазија и извонредна интуиција. Флегматични се, кои секогаш се спремни на компромиси. Често пати потрагата по среќа и успех ги води далеку преку море. Продорни се и премногу осетливи, секогаш знаат за туѓите чувства и емоции. Постојано се стремат за нешто повеќе и да се надминат себеси. Многу често пројавуваат интерес за окултно и магија. Кај овие луѓе постои опасност од консумирање на големи количини на дрога и алкохол.

Рак-Стрелец           
Личности кои веруваат дека добрите дела треба да се наградат, а лошите да се казнат. Имаат вроден страв од смртта. Многу се внимателни, несебични, по-жртвувани за хумани дела. Обожаваат авантури и патувања на кои склучуваат многубројни познанства. И во љубовта се склони кон авантури, а нивниот сексуален живот може да се одвива до крајни перверзии. Склони се кон длабоко продирање во суштината  на работите, филозофски настроени овие луѓе често доаѓаат до експанзивно спознание за светот кој ги опкружува.   

Рак-Јарец
Строги и тактични, овие луѓе не сакаат да влегуваат во никаков ризик. Амбициозни и упорни во градењето на кариерата и од особено значење им е јавното мислење за нивните постапки. Најчесто имаат среќен брак, приврзани се кон семејството и традицијата. Имаат изразена способност за самоконтрола и самодисциплина и често пати тоа го бараат и од нивните блиски. Конзервативни се и често повлечени во себе. Меланхолични  и тешко се оттргнуваат од минатото. Колекционери и работници во музеи.

Рак-Водолија          
Огромна фантазија често футуристички насочена се крие во личностите кои ја имаат оваа комбинација. Вредни работници, кои несебично ги нудат своите способности, десна рака на шефот. Идеалисти се  и секогаш нивните залагања се насочени кон подобра иднина, пред се за нивното семејство, иако од нејзе малку се плашат. Уметнички души кои се склони кон боемски живот. Омилени се скоро во секое  душтво, извонредни се забавувачи. Неспособни се да донесуваат цврсти одлуки. Работата им е поврзана со хуманитарни дејности.         

Рак-Риби     
Флегматични личности кои тешко се одлучуваат за иницијатива на било кое поле. Романтични души кај кои длабоките чувства се во прв план. Омилени се во друштво и сакани од спротивниот пол. Животна преокупација им се децата и работата со младите. Надарени се за скоро секое уметничко изразување. Сочуствуваат со секоја душа која на некој начин страда. Имаат изразена интуиција, медиумски и претскажувачки  способности. На луѓето со ваква кобинација им се заканува опасност од занимавање со спиритизам.