Ноември
Работа

Ноември за вас е поволен месец како на љубовниот, деловниот живот така и на здравјето. Единствено што ви преостанува е максимално да ги искористите сите прилики бидејќи вакви прилики ретко и се случуваат. Неочекувано ќе ви се наметне или ќе прифатите нова работна задача која на прв поглед ќе ви изгледа како проблем, а покасно ќе сватите дека е вистински предизвик и нуди многу за подобрувањето на вашиот статус на работното место. Ваквата работа ќе ви донесе доста задоволство, но исто така и подобра финасиска положба. Што и да ви се понуди во овој месец не одбивајте ништо иако приликата ви изгледа неповолна. Најдобро е сите понуди да ги чувате во тајност и премногу да не ги кажувате идеите само така ривалите нема да знаат што се случува и да ја искорситат вашата поволна прилика за нивни цели. Покарај тоа сите ваши деловни задачи во овј месец ќе бидат конкретни, а тоа е она што најповеќе сакате да го работите. Уживате кога знаете што работите и кога можете да ги видите резултатите. Токму таков тип на работа ве очекува во овој месец. Обидете се да размислувате оптимистички само така успехот кој го очекувате ќе го добиете. Контактите со странство, било да е тоа преку патување, примање на посета или работна соработка, се е попозитивно особено за родените во првата декада. Ќе имате голема поддршка од поширокиот круг на вашите пријатели и соработници кои ќе ви помогнат со своите врски. Финансиската состојба се подобрува. Некои ваши стари инвестиции ќе ви бидат двоструко вратени, а тоа многу ќе ве израдува и ќе ви даде дополнителен мотив. Највероватно ќе трошите многу, првенствено на семејството и потребите во домот. За среќа втората половина од месецот стигнуваат неочекувано пари, можеби ќе се работи за добро платена работа, па ќе имате мало олеснување.

Љубов

Прилики во љубовта ќе имате дури премногу. Ќе бидете во доста ситуации во кои не ќе знете да го изберете вистинскиот избор, па можеби најдобро е и од двете да искористите по малку и на тој начин да ја проверите среќата. Секако не претерувајте во пробите бидејќи се може да се сруши многу побрзо отколку што мислите и очекувате. Присетете се на минатите периоди кога бевте осамени и помалку депресивни, а сега имате се пред вас, потребно е само да одберете. Помалку критична е ситуацијата за оние кои имаат постојана врска. Лесно може да се појави подобра можност, па да се најдите во дилема. Изборот секако е ваш, но сепак добро размислете што ќе ви се исплати. Можеби во овој момент подобро е да го слушнете разумот, а не срцето. За оние во брак ноември ќе биде хармоничен само доколку не ги поткопуваат старите проблеми. Обидете се да достигнете што подобро разбирање со партнерот бидејќи ќе ви биде потребна негова помош кога од никаде друго место не ќе можете да ја примите. Родените во првата декада, особено припадничките од женскиот пол ги очекува посебно исклучителен период. Во втората половина од месецот помалку ќе ја загубите поддршката од плантетата на љубовта. На момент ќе почувствуваат како да сте заробени меѓу четирите ѕидови околу партнерот. Таквото чувство ќе ве прави нервозни и нетрпеливи. Ќе нема место за изразување на вашите идели за слободата, затоа што тоа може да предизвика расправии и нарушување на хармонијата во домот. Во овој период потребоно е поголемо внимание да обрнувате на своите обврски кон семејството, посебно кон децата. Навистина им е потребна вашата љубов.

Здравје

Ноември е одлличен месец за подобрување на здравствената состојба, подобар изглед и секако подобра физичка кондуција. Првата половина од месецот ќе ја поминете речиси без никакви здравствени проблеми освен некои мали стресови. Вашите активности на работното место постојано се зголемуваат, а со тоа и напнатоста што донекаде е и нормално. Во моментот психичката напнатост не ја чуствувате, но добро би било уште со време да ги санирате проблемите. На тој начин ќе ги намалите главоболките за кои во последно време не ги знаете причините. Како проблем со здрајето во втората половина од ноември може да бидат артериите и жолчката, а треба да внимаваат на покачна температура предизвикана од некакви воспаленија. Потребен ви е од минералите магнезиум, а од витамините Д.

Совет

Обидете се да размислувате оптимистички само така успехот кој го очекувате ќе го добиете.

Идеален партнер

За овој месец најповеќе ќе ви одговараат личностите родени во знакот на Скорпија. Проблемите ќе ги споделувате заедно, а страстите нема да дозволуваат расправии. Ова се судбински важни врски кои неможат да ги расипат ниту лошите аспекти. Скорпијата како партнер е љубоморна но Ракот вознесува со својата верност. Ракот бега од дома и се бори на многу места, но кога ќе дојде дома се смирува во топлото крило на Скорпијата. Жестоката Скорпија бара се или ништо, за предаство убива но топлиот Рак го смирува. Овие две личности ги мотивираат чувствата и интуицијата. Врската која ги врзува обично е многу цврста. Раковиот чувствителен пристап кон сексот може само да ја продлабочи врската. Овие двајца ветуваат сјајна заедница.