СКОРПИЈА
Работа

Почетокот на годината помалку ќе ве загрижува, но набрзо ќе сватите дека не сте биле во право. Ве очекува мошне плодна година како во деловниот така и во љубовниот живот. Голем број Скорпии ќе имаат напредување во кариерата, подобро работно место и сл. Токму во оваа година најголеми им се шансите на родени во втората декада. Целиот зимски период планетите ќе ви овозможат цврста основа за напредување во друштвениот живот. Интересно е дека можете да се заинтересирате за некоја наука иако сте традиционално уметничка душа, односно само душа. Отворете се кон нови искуства и пробајте ги своите способности, нема што да изгубите. Месец февруари и март може да ви донесе некои проблеми со вашите деца. Вашиот однос кон нив како и преголемата грижа ќе бидат причината за некои недоразбирања. Ако сте во поодминати години, нејвероватно ќе се работи за некакво одвојување или можеби заминување во странсво, и сл. Месец април може да се рече дека е еден од подобрите месеци во годината. Ќе бидете под исклучително поволно влијание на вашиот владетел Марс. Енергијата ќе ви биде на посакуваното ниво, па периодот е посебно добар за некакви јавни настапи. Во Јуни ќе се намали интензитетот на вашите активности меѓутоа сепак ќе биде над просекот. Летниот период нагло ќе започнат проблемите во комуникацијата, па можни се раскинувања на партнерствата или разделување со некој близок пријател. Исто така соработките со странство или некакви финансии кои ги очекувате од странство ќе закаснат со исплатата. Помошта од сеемејството во овој период ви е нагласена и единствено преку неа можете да остварите некоја добивка. Есенскиот период е добар за зајакнување на пријателските и бизнис односите, но само под услов да се работи за искрена соработка помеѓу партнерите. Исто така овој период е добар за учење, посета на семинари, обуки, курсеви итн. На ова поле среќата доста ќе ве прати па би било штета да не го искористите за надополнување на вашето знаење. Исто така во месец декември, очекувајте расправии на работното место. Можете да западнете во интриги и игри на некои од вашите колеги и да го извлечете подебелиот крај. Не дозволувајте да излезете од контрола, тоа може да ви оди на голема штета.

Љубов

Зимскиот период ќе биде во знакот на љубовта за сите Скорпии. Пречка ќе ви биде зафатеноста во деловниот живот, па не ќе можете целосно да се посветите. Во моментите кога ќе престанат деловните активности поради кои ќе ги потиснувате сите останати проблеми ќе се насочите кон размислувања за вашиот љубовен живот. Во таквите моменти ќе ви пукаат старите страсти, па тешко дека ќе можете да останете рамнодушни. Многумина од вас немајќи време да се посветат на овој дел од животот можеби ќе и се вратат на некоја стара љубов. На оние на кои работата им е порелаксирана ќе имаат многу прилики за нова врска. Ќе сретнете неколку личности кои ќе ги возбудувате веќе на прв поглед, а интересто се повеќе ќе се зголемува како подлабоко навлегувате во комуникацијата. Скорпиите во брак и оние во трајните врски конечно ќе успеат да решат некои несогласувања со партнерот. Не го одложувајте разговорот со партнерот, сторете го тоа до почетокот на пролетта, бидејќи подоцна нема да имате така поволни прилики. Последната декада од март е помалку незгодна за брачните врски, расправиите ќе бидат чести, но донекаде и позитивни, ќе ви помогнат да ги преуредите односите со партнерот и така повторно да се разгорат старите страсти, доколку врската ви се истрошила. Бидете сигурни дека расправиите ќе ве спасат од конечниот прекин. При тоа цело време имајте на ум што сакате и што очекувате од партнерот а и од самата врска. Само со такви претпоставки ќе можете да ја решите ситуацијата и за двете страни. Во летниот период мора да бидете внимателни, ве очекува некое разочарување од страна на партнерот и нагло прекинување на врската. Есенскиот период ќе ви биде комплетно насочен кон љубовта посебно во октомври и ноември кога ќе ги искористите последните шанси за влегување во нова љубовна врска која ветува нешто повеќе од забава. Ноември ќе биде плоден за слободните.

Здравје

Здравствената состојба ќе ви биде прилично добра. Поголеми здравствени проблеми очекувајте на самиот почеток, поточно месец вевруару и март. Проблем ќе имаат оние со чувствителните бубрези или со половината. Најтешко ќе им биде на родените во првата декада, останатите полесно ќе го поминат периодот. Месец јули може да биде критичен за родените во втората декада. Втората половина од годината ќе бидете полно со енергија и освен некои нервни напнатости кои можете да ги очекувате во месец ноември ќе се чувствувате одлично.