Ноември
Работа

Ноември е ваш мессец, покрај Сонцето, Меркур, планетата на комуникациите се наоѓаат во вашиот знак. Уште Венера да беше поволно поставена и ќе можеше да се речи дека овој месец би бил повеќе од поволен за типичните Скорпии. Но без разлика на тоа вие ќе доживеете успех на речиси сите подрачја од животот. Во работата ве чекаат многу поволни можности кои ќе ги има до таа мера што не ќе можете да стигнете во целост да ги искористите. Ќе земете тоа што може да се земи и тоа што ќе ви падне в раце, а останатото ќе го пропуштите. Но и тоа е повеќе од доволно, па така немојте да се разочарувате или да покажете поголема алчност. Единствено што може негативно да се појави кај Скорпиите, е во втората половина од месецот кога би можеле да останете без подршката од Сонцето кога ќе го напушти вашиот знак и ќе влезат во знакот на Стрелец. Во најлош случај во овој период ќе се одморите од големиот успех која ќе го имате во првата половина од месецот. Најголемата активност ќе ја имате токму во периодот кога Сонцето ќе го минува вашиот знак, а тоа е до 21 ноември. Не размислувајте зошто сте успеале туку обидете се да искористите што можете повеќе. Ќе имате доста интересни предлози од деловните партнери, на почеток понудата од толку што ќе биде поволна ќе ви изгледа како мамка, меѓутоа подоцна ќе сватите дека носи голем приход. Ако толку чувствувате недоверба причекајте малку додека целосно не се расчисти ситуацијата, а потоа влезете во акција, сигурно нема да задоцните. Било кои акции што носат ризик извршувајте ги во првата половина од месецот, а во втората ќе мора малку да се стрпите. Родените во првата декада ќе успеат да ги расчистите недоразбирањата околу некои финансиски трансакции кои ги измачуваа минатиот месец. Тоа малку ќе ве разведри. Ваќе подолго време само вложувате и за тоа добивате критики од вашите блиски, посебно оние кои се зависни од вашата финансиска положба. Во овој период ќе имате прилика да докажете дека со парите знаете како се работи.

Љубов

Во љубовта ќе уживате како што одамна не сте уживале. Во почетокот сето тоа ќе биде една голема тајна, која набрзо ќе ја откриете, а тоа ќе биде и причината за вашата возбуда. Највероватно се работи за некој мистериозен и чуден партенер кој постојано ќе ве изненадува, се разбира во позитивна смисла. Подгответе се на нови моменти во вашиот живот, ќе откриете дека можете да сакате и на друг начин одколку што мислевте. Максимално искористете го овој период за зацврсување на љубовната врска како и на бракот. Со оглед на тоа што планетата на љубовта ќе ви биде наклонета во втората половина од месецот, ќе имате време да подготвите терен за решавање на сите ваши недоразбирања со партнерот и секако да ја зацврстите врската. Слободните Скорпии можат да тргнат во освојување на својата љубов користејки ги сите способности, пред се самодовербата, тактичноста и шармот. Ако љубовта што ќе ја најдете е родена во знакот Бик или Рак, голема е веројатноста за идеална и долгорочна љубовна врска. Еротскиот потенцијал ви е нагласен и многу ќе ви помогне да го добиете она што го сакате. Никако не ја пропуштајте приликата која долго време ја чекавте искористете ја секој момент. Кон крајот на месецот родените во првата декада ќе се впуштат во тајни љубовни авантури или во најмала рака ќе флертуваат. Доколку не отстапите од некои свои морални принципи лесно би можеле да дојдете до расправија со личноста која ја сакате. Бидете вниматлени. Младите Скорпии лесно ќе се заљубуваат, па вашата врска би можела да трае повеќе одколку што сте се надевале.

Здравје

Преку целиот период ќе го чувствувате влијанието на Сонцето кое се наоѓаат во вашиот знак. Тоа ќе ви донесе силен енергетски потенцијал, но и опасност од повреди, воспаленија и ненадејни здраствени тешкотии. Можни се проблеми со долниот дел од нозете особено колената. Промените во временската состојба негативно ќе делуваат на зглобовите а кај постарите и на срцето. Ослободете се од негативните емоции бидејќи дополнително ќе ви ја загрозуваат здраствената состојба. Психички сте чуствителни, избегнувајте ситуации каде можете да бидете навредени. Правилната исхрана ви го среди метаболизмот продолжете со истата диета.

Совет

Со полна пареа само напред. Не размислувајте зошто сте успеале туку обидете се да искористите што можете повеќе.

Идеален партнер

Во овој период единствени кои можат да ги акумулираат вашите емотивни емоции и при тоа да не ви се налутат се Биковите. Меѓутоа надојдената страст едиснтвено можат да ја скротат Лавовите. И двајцата се со силна волја, меѓутоа сепак тешко меѓусебно се надополнуваат. Единствено што може да ја одржи врската е силната страст што ја поседуваат, тоа и меѓусебно ги привлекува. Скорпијата сака детално да го анализира секој со кој доаѓа во контакт Лавот, иако самиот е премногу таинствен и ќе биде огорчен кога Лавот ќе го прави истото. Скорпијат сака да диктира кога и како ќе се трошат парите што не е во соогласнст со нормите на Лавот.