$pagetitle="Зодијачките знаци и хазардот"; include ("../php_in/counter.php"); ?>
Кога се појавила и од каде потекнува Астрологијата? Како настанал зодијачкиот круг, познат под името хороскоп? Кога почнало верувањето дека ѕвездите и планетите влијаат врз човековиот живот? Тоа се парашања на кои не може прецизно да се одговори, но сепак постојат податоци од истражувањата кои говорат дека Астрологијата е една од првите науки со кои почнал да се занимава човекот.
Приказната за Астрологијата започнува во некои дамнешни времиња. Луѓето одамна на небото ги забележале Сонцето, Месечината и Ѕвездите, прашувајќи се што во нивните животи тие би можеле да значат. Првите религии на светот се поврзани со Сонцето и Месечината, а тие се двете најлесно забележливи светла на небото. Во Астрологијата и Сонцето се смета за Планета, затоа што некогаш на луѓето им се чинело дека тоа се движи преку небесниот свод. Земјата изгледала рамна и неподвижна, па не било препорачливо да се тврди поинаку, иако некои знаеле дека тоа и не е некоја нужна вистина. Уште пред 2200 години, Аристарх од Самос пресметал дека Земјата е всушност топка. Денес тоа е познато на секого, но порано тоа знаење се криело од народот, зашто луѓето најчесто веруваатна она што им изгледа очигледно.
Астрологијата пак има далеку подлабоки корени: ископани се глинени плочки од времето на Сумерската цивилизација, стари 6000 години, на кои бил забележан разговор меѓу кралот и неговиот ѕвездознаец, со други зборови Астрологот. За староста на астролошките знаења ни кажува и податокот дека старите народи ги познавале циклусите на Сонцето кои траат 25200 години. Но гледајќи во ѕвездите се забележало дека некои остануваат секогаш на своите места, додека некои талкаат по небесниот свод па ги нарекле скитници. А бидејќи во стара Грција скитник се велел “Планетос”, сега тие ги нарекуваме Планети. Човечките очи секогаш се обидуваат во нејасни облици да препознаат некаков облик, па така луѓето и во соѕвездијата гледале разни ликови, а групите ѕвезди добиле свои имиња за да може полесно да се согледа каде се наоѓаат ѕвездите скитници, односно планетите. Познавајќи го циклусот на Сонцето од година дена, бил потребен релативно долг период да се подели на помали делови за полесно да ги бројат деновите. Циклусот на Месечината изгледал за тоа поподобен, но иако очигледен, сепак не се поклопува со календарскиот и треба 19 години Месечината повторно да се најде на истото место меѓу ѕвездите. Заради тоа, годината најпрво ја поделиле по годишни времиња на 4 дела: 2 поголеми спротивности како што е Летото спроти Зимата, а меѓу нив спротивни преодни периоди, Пролет и Есен. Месечината годишно прави13 циклуси, а тоа е тешко да се распредели да бараните 4 дела, па затоа бројот на месеците го ограничиле на 12 и така добиле годишни времиња од по 3 месеци секое. Првиот месец во периодот бил главен затоа што означувал почеток на ново годишно време и го нарекле Кардинален. Вториот означувал дел од годишното време кога сите квалитети на тој период станале постојани, цврсти и сигурни, затоа тој месец го нарекле постојан или Фиксен. Последниот месец на периодот се покажал како подготовка за настап на на следното годишно време, па е наречен преоден, мутирачки или Променлив. Луѓето родени во тие месеци соодветно ги имале истите такви особини. Родените во Кардиналните месеци ги воделе другите и го расчистувале патот за напредок, биле први во се. Луѓето родени во Фиксните месеци на годишните времиња вредно работеле и граделе, собирале залихи и материјални добра. На крајот, родените во Променливите месеци од годишните времиња биле наклонети кон промени, мисловни дела, учење и подучување на другите, на религиозен живот и барање на некое повисоко ниво на постоење, но исто така од се правеле шега и биле циркузанти.
Бидејќи се верувало дека целиот Свет е создаден од 4 основни елементи: Оган, Земја, Воздух и Вода, а постоеле по 4 месеци со исти квалитети во годишниот циклус на Сонцето, тогаш е направена поделба на еден квалитет на овие 4 елементи. Од причина дека за се на светот обижно постои нешто спротивно по својата природа, а едниот елемент од таа двојност се смета за подобар, поповолен или попозитивен, додека другиот за понеповолен, полош или негативен. Но тоа мораме да го разгледуваме во смисла на активност и пасивност, а не како црно/бело, или исклучително добро/исклучително лошо. Кога така ги поделиле месеците, за полесно да ги запамтат особините на поединечен месец, го пронашле во природата она то најмногу во себе ги поседувало карактристикитена таквата природа. На тој начин настанале Зодијачките Знаци со кои во Астрологијата се опишуваат особините на луѓето кои се во нив родени.