ПЛУТОН ВО ЈАРЕЦ


Транзитирањето на Плутон во хороскопските знаци трае помеѓу 13 и 25 години, во зависност од знакот и секогаш му дава одреден дух на времето во кое се живее. Секој период во одредено општество или заедница има своја насока на движење која е раководена од оваа планета. Делува на широките маси, а во астрологијата ја преставува потсвеста, длабоката внатрешна сила на творење и разорување, страста и власта и мост помеѓу животот и смртта.
Револуцијата на Плутон околу сонцето трае 244 години а неговото елиптично движење го прави различно да се задржува во знаците на Зодијакот. 26 години беше во знакот на Рак, 19 во знакот на Лав, 12 години во знакот на Скорпија, а во Јарец ќе биде до 2024 година. Поради неговото ретроградно движење во оваа година неколку пати влезе во знакот на Јарец на 25 јануари 2005 година и ретроградно се движеше во Стрелец се до 14 Јуни. Тогаш повторно ја промена насоката и конечно влезе во Јарец, на 27 номври 2008 г во 1 часот и 57 минути и таму ќе остане се до 2024 година.
Секое влегување На Плутон во одреден знак навестува на некои промени кои се случуваат во човештвото па така со влегувањето во Јарец се донесоа и допрва ќе се донесат некакви промени кои се карактеристични за овој знак. Веќе некои се почувствуваа: почеток на нафтена криза, промени во трговијата, најави на некаква светска криза, рецесии, забрана за пушење во затворени простории и премногу други закони и подзакони кои од една старна го подобруваат ртедот во општеството но од друга страна ни го ограничуваат движењето (Јарецот е знак на ограничувањата, редот и дисциплината). Како што нагласивме Плутон ја симболизира масовната потсвест, а Јарецот претставува организација, јасен систем, потреба за структура, реално, конкретно и материјално. Исто така Јарецот ја претставува амбициозноста и потребата да постигнеме нешто во животот. Јарецот како владетел на десеттото поле исто така ја укажува положбата во друштвото, потребата да бидеме некој и нешто, но исто така укажува на перфекционизам, сериозност и традиција. Последен пат во Јарец, Плутон беше од ноември 1762 година до декември 1778 година. Бидејќи Плутон претставува трансформацијата а Јарецот политиката и економијата со неговото тогашно влегување се случија неколку значајни настани во историјата: Се случи Парискиот мир 1763 година, дојде до решавање на седмогодишната војна (политиката надвалде),  Британија и Франција го завзедоја поголемиот дел на шпанско-америчката трговија. Дотогаш во Европа се чувствувала голема нестабилност, меѓутоа со реконфигурација на многу политички системи дојде до нивна стабилизација., а најинтересното од се е почетокот на романтизмот. Тоа е приод кога е осигурна силата и вредноста на поединецот и поставена е филозофската основа на индивидуализмот. Овде мора да се потенцира дека основното обележје на Јарецот е индивидуализмот.
Во зависност од знакот во кој се наоѓа и аспектите со спорите планети во одредени периоди се случуваат и најразлични револуционерни идеи, но и човечки катастрофи. Бидејќи е поврзан со разорувањето, војната, криминалот кризите, трансформациите, моќта, диктатурата, нескромноста и сл., еве што се случувало низ одредени знаци во кои се наоѓал. Во Близнаци бил од 1882 до 1912. Тоа е период во кој се случија многу промени во комуникациите; (главно обележје на Близнак е комуникација) во општеството се јавува нов начин комуникација  телефонот, радиото, фотографија, филм итн. Во Рак бил од 1912 до 1939 год. Во овој период донесени се многу нови идеи и идеологии како што се фашизмот и комунизот. Дојде до распад на многу држави, растурање на многу системи, но и градење на нови тогаш се случи и првата и втората светкса војна. (Ракот се стреми да го прошири својот дом). Плутон во Лав го опфаќа периодот 1939 до 1957 година. Во Лав се наоѓа неговата егзалтација и тука е најјак. Прв пат се појави атомската бомба, се појавија многу луѓе, многу лидери, но исто така овој беше и период на херојства. Во овој период склопен е Варшавскиот пакт, поставен е Берлинскиот ѕид, се појавија многу личности со лавовски особини и голема одлучност  како Фидел Кастро, Никита Хрушчов. Со влегувањето на Плутон во Девица од 1957 до 1972 година влегуваме во револуционерно време во кое многу работи се менуваат. Пред се стануваме попрактични која е главна особина на Девицата. Во овој период најповеќе е олеснат човечкиот живот од старна на разни помагала, уреди и апарати. Доаѓа до компјутеризација, пат во космосот, роботика, хипи движење се појавува структурализмот-обид да се пронајде основниот образец за научно истражување на човекот. (Девица - анализа, психологија) Со влегувањето на Плутон во Вага од 1972 до 1983 година се влегува во еден период на либерализација на односите. Се случија и големи промени во модата, се формираја врвни модни студија, многу современи правци во уметноста. Тоа е период кога на формата му се даде и естетската вредност. Седиштето на Плутон се наоѓа во Скорпија и тука се задржва од 1983 до 1995 година,. Овој е период на распад и бришење на се што неможе да оди понатаму во еден модерен свет. Се распадна Југославија, се појавија војни на истребување во кои без милост се елиминираше другата страна. Тоа беа војни во кои се расчистуваа стари сметки (главна одлика на Скорпијата е осветољубивоста), Со излегувањето на Плутон од Скорпија завршија и војните и еден период на кој многу не сакат да се сќаваат. Плутон во Стрелец престојуваше од 1995 до 2008 година. Бидејќи Стрелцот е знак на религијата и филозофијата може да се претпостави дека некако делумно сме ослободени од строгите религиски норми и сме напреднале во некое повисоко ниво на духовната свест. Исто така за во овој период сведоци сме на религиозни војни. Србија-Косово, Војната во Македонија, Авганистан, Ирак. Сите овие беа војни помеѓу две различни религии.
Што не очекува во периодот на престојот на Плутон во Јарец? Сугурно  пред се треба нешто да умри за нешто друго да се роди. Во овој период мора да избришиме дел од историјата и некои спомени и да се отвориме кон нешто потполно ново.  Дали појавата на светската криза ќе придонесе нов пристап во материјалниот развој?  Можеби во некои држави ќе видиме распад на бракт како институција, бидејќи за Јарецот индивидуалноста е светиња, тогаќ можеме да очекуваме се помалку бракови. Исто така Јарецот е најнеплодниот знак во Зодијакот, па можеби на светско ниво ќе има голем пад на наталитетот. Сигурно ќе има промени во индустријата, бирократијата и секако во архитектурата. Кај Јарецот секогаш повежна е функционалноста од естетиката, па највероватно ќе имаме промена во просторот во кој живееме, драстични промени во дизајнот на автомобилите, во модата ќе се оди на поедноставен и покласичен изглед. Политиката, дипломатијата, банкарството ќе бидат главните и најбарани професии, ќе се работи многу повеќе, а многу помалку ќе се троши. Дистанцата помеѓу поединците ќе се зголеми, колективната работа исто така ќе добие повисока свест. Што негативно можеме да очекуваме? Преголема затвореност, фатализам, поголема агресивност од страна на општеството, поголем деспотизам. А што со војните? Тие постојано ги има,  но која ќе им биде причината. Сигурно во овој перидо нема да бидат поради некакви идеали како во периодот кога Плутон беше во Лав или осветнички војни како во Скорпија или опак религиозни како во Стрелец. Тоа е поминато време, но ако добро ги анализираме работите тогаш највероватно во овој период ќе бидат од материјален интерес, токму како тоа што беше во периодот од 1762 до 1778 кога се водеја борби околу колониите. Тогаш беше златото сега можеби ќе биде црното злато. Веќе некои и се случија, (Либија, Египет)
16 години ќе бидеме сведоци на Плутоновото рушење и повторно изградување на материјалниот свет. Дали тоа ни се допаѓа или не тоа мора да се помине, но едно е сигурно тоа е период кој ќе не подготви за неговиот престој во Водолијата, а тоа ќе биде во знакот на хуманоста.