ВЛИЈАНИЕТО НА ПЛАНЕТИТЕ ВРЗ ПЕРИОДИТЕ НА ЧОВЕЧКИОТ ЖИВОТ

Планетите имаат големо влијание на развојот на човекот низ периодите на неговиот живот. Некои од нив во согласност со нивната природа делуваат различно на мажите и жените (“машки” планети се Сонцето, Марс и Сатурн, а “женски” се Месечината и Венера). Нивното влијание е засилено и хармонично во знакот со кој владее поединечна планета - СЕДИШТЕ и во знакот не својата ЕГЗАЛТАЦИЈА. Ослабено и дисхармонично влијание имаат во знакот на својот ПРОГОН (спротивен на седиштето) и знакот на својот ПАД (спротивен на знакот на егзалтација).

planeti
За разлика од новооткриените (трансцедентални) планети Уран, Нептун и Плутон кои влијаат на човековата подсвест, останатите планети познати во старата астрологија имаат големо влијание на развојот на човековата свест. Секоја од нив, поединечно или во соработка со останатите планети, одредува многу човекови особини и влијае во одредени периоди во одредени полиња од животот. Астрологијата тврди дека животот на секој поединец може да се подели на три периоди и дека во секој од нив владее и ги изразува своите особини знакот во кој се наоѓаат трите основни и појдовни точки на наталниот хороскоп, атоа се положбата на Сонцето, Асцендентот (Подзнакот) и Месечината. Според тоа од раѓањето до приближно 20-тата година од животот влијае Месечината и човекот се однесува и се развива во согласност со особините на знакот во кој е сместена Месечината во моментот на раѓањето. Од 20-тата до приближно 40-тата година со развојот на човекот и неговиот живот владее неговиот Асцендент, додека од 40-тата година па натаму, со човековиот живот управува неговиот Сончев знак. На пример, човек роден со Сонце во знакот на Бик, со Асцендент во знакот на Лав и со Месечина во Рак, до својата 20-та година ќе покажува особини и ќе се развива како Рак, од 20-тата до 40-тата година ќе живее и ќе се однесува како Лав, додека неговиот сончев знак Бикот најмногу до израз ќе дојде после 40-тата година од животот.
Во смисла на развојот на личноста, свеста, карактерот, однесувањето на човекот, неговите достигнувања и клучните животни моменти, човековиот живот може да се подели и да се разгледува и според планетарните циклуси, односно според тоа колку една планета се задржува во еден знак и колку време и е потребно да го помине целиот Зодијак и да се врати на истото место на кое се наоѓала во моментот на раѓањето. Од тие циклуси најзначајни се циклусите на Јупитер и Сатурн. За нивното влијание врз развојот на човекот и неговата свест и воопшто врз неговиот живот поопширно ќе стане збор во еден од следните броеви.
Во овој број имате прилика да се запознаете како секоја планета влијае врз животот на човекот. Имено, просечниот животен век на човекот може да се подели на осум периоди, во кои доминира влијанието на секоја од планетите познати на древната астрологија:


I период: МЕСЕЧИНА; Раѓање - 7 години
Во оваа фаза Месечината влијае на инстинктите и расположенијата детето. Детето е склоно кон чести промрни во однесувањето и расположението, согласно со брзото движење на Месечината низ Зодијакот. Во овој период детето има осетлив стомак и мочен меур. Месечината ја поттикнува и љубовта на мајката кон детето.


II период: МЕРКУР; 7 години - 15 години
Децата во овој период имаат лесни асоцијации, желби за запознавање, силни се и остри на јазикот. Тоа е добарриод за учење на  јазици, математика и литература. Се развива површен но сестран интелект. Меркур влијае на менталниот однос со светот, на разумот и логиката, а исто така е и симбол на пубертетот.


III период: ВЕНЕРА; 15 години - 21 година
Во овој период Венера го развива складот, убавината, мирот, милосрдноста, пријателството и племенитоста. Младите имаат одбојност спрема физичката работа, сензуални се, сентиментални, лесно се прилагодуваат на луксуз и богатство. Венера ги означува и емоциите, се раѓаат радоста и тагата, таа е одговорна за љубовта родена од вистински чувства, за привлечноста и создава интимни односи. Во негативна смисла одговорна е за тромост, мрзеливост, избегнување на обврски, неодговорност - особини кои можат да ги поседуваат многу млади во овој период.


IV период: МАРС; 21 година  - 33 години
Марс претставува нагон и борбени способности. Тој го симболизира периодот кога се бориме за успех, сериозност, топлина и здрав секс. Кај личноста се формираат црти на амбициозност, храброст и ексцентричност. Ако Марс е нагласен кај личноста се раѓаат патриотски чувства, воинственост, желба за моќ и власт, но сепак таквиот човек се бори за правда, сака ред и дисциплина, мрази конвенции и натегања, а неправдите не ги заборава.


V период: СОНЦЕ; 33 години - 45 години
Сонцето претставува Его, светлина, топлина, импулс на живот и дава индивидуални способности. Мажот или жената во тој период даваат светлина и топлина на на другите, се борат да бидат над останатите, ведри се и витални. Личноста ја краси достоинство, моќ, положба, чест, престиж, големина, углед, авторитет, стабилност, мажевност-женственост, отменост и зрелост. Во негативна смисла луќето во овој период можат да бодат суетни, охоли, арогантни, егоистични и свирепи.


VI период: ЈУПИТЕР; 45 години - 60 години
Јупитер ја претставува нашата сегашност како синтеза на минатото, но и нашата иднина која ја турка нашата сегашност. Во овој период под негово влијание човекот станува подебел, со превземачки амбиции за крупни работи и важни проекти, а многу често има финансиски и општествени успеси. Тоа е време кога човекот има смисла за поправање на работите, се формира демократичност, и воглавно има обезбедено некој вид на богатство за задоволување на суетата. Во позитивна смисла Јупитер дава аристократско однесување, блага природа, мирен говор, чувство за правда, психичка рамнотежа, великодушност и мирољибивост,а во негативна смисла егоцентричност, мегаломанија, фанатизам, хипокризија алкохолизам и сл.


VII период: САТУРН; 60 години - 82 години
Во овој период личноста е коскеста, бледа, со ладен поглед, осамена, охола, бесчувствителна, а кожата добива оловна боја, често со дефект на лицето. Таа е исполнета со самотија, депресија, очај, тежини, меланхолија и хроничнио болести. Во позитивна смисла Сатурн на овие личности им дава истрајност во тешкотиите на животот, цврстина на волјата и разумско гледање на работите. Сатурн влијае на слухот и на херниите. Тој покажува како ќе се завршат сите нешта, а посебно кога ќе престане да чука срцето. Не е случајно и изненадувачко  што природната човекова смрт е токму бво овој период (просечен човечки живот).


VIII период: МЕСЕЧИНА; 82 години - натаму
Во овој период личноста води тивок домашен живот, субјективна е, верува како и масата, подложна е на сентименталности и емоционални падови. Со сето срце е приврзана кон најблиската околина, кон децата посебно кон внуците, многу е душевна. Во негативна смисла е непрактична, неактивна, животот и е досаден, без возбудувања и многу е плашлива. Нејзина најголема опсесија е смртта.