ПОДЕЛБА НА ЗОДИЈАКОТ


Зодијакот е поделен на 12 знаци и се тврди дека ваквата поделба е направена од страна на старите Кинези. Далечната традиција тврди дека поделбата ја извршил Атлас, Тот, Трисмегистос или Кветцалкоатл. Точно е дека истата поделба на 12 се наоѓа во најстарите списи кои се занимаваат со ѕвездите и одот на Сонцето. Се верува дека поделбата е направена според  три агрегатни состојби на Материјата, три видови на Енергија, три димензии на Просторот и три состојби на Времето, што вкупно дава 12, свет број кој во старокинескиот јазик и се нарекува “совршен”. Овој прв универзален Зодијак одговара на најнискиот човечки зодијак: човекот има 4 темпераменти (колеричен, сангвиничен, меланхоличен и флегматичен), а секој темперамент има душевно тројство: волја, интелект и чувства.

Istorija na astrologijata Istorija na astrologijata
  • Тројство на Материја или земја: Бик, Девица, Јарец. Централно место има Бикот.
  • Тројство на Енергија или вода: Скорпија, Риби, Рак. Централно место има Скорпијата.
  • Тројство на Простор или оган: Лав, Стрелец, Овен. Централно место има Лавот.
  • Тројство на Времето или воздух: Водолија, Близнаци, Вага. Централно место има Водолијата.
Istorija na astrologijata Istorija na astrologijata

Првите 4 централни знаци Бик, Скорпија, Лав, Водолија се означуваат како фиксни знаци. Ако во наталниот хороскоп доминираат фиксните знаци соодветната личност ќе се одликува со стабилност, силна волја , бескомпромисност, озбилност... На овие личности многу тешко е да се изврши влијание.
Вторите 4 знаци Девица, Риби, Стрелец, Близнаци се познати како променливи знаци. Ако доминираат во наталниот хороскоп даваат прилагодливост, љубопитност, интелект, но и  подлегнување на надворешни влијанија. Често претеруваат во бројот на своите интереси што само им донесува нервоза и немир.
Третите 4 знаци Јарец, Рак, Овен, Вага, се означуваат како кардинални знаци. Карактеристично за нив доколку се изразени во наталната карта е динамичноста, страственоста, ентузијазмот и иницијативата, како и брзоплетоста и склоноста за доминација по секоја цена.
Ова е само класично тумачење, бидејќи треба да се има во предвид целокупниот натален хороскоп кој може да укажува на некои други доминантни особини. Пример: ако во наталниот хороскоп владетелите на било кои два фиксни, променливи или кардинални знаци се поставени во слаби полиња и знаци и се лошо меѓусебно аспектирани личноста ќе покажува релативно спротивни особини. 
Близнаците, Стрелецот и Рибите се познати како двотелесни односно двојни знаци. Се одликуваат со радозналост и недостаток на концентрација. Често имаат две споредни занимања, и најчесто ги вршат истовремено, а голем број од представниците на овие знаци влегуваат во повеќе бракови. Уште една занимливост: Близнаците, Стрелците, Рибите (најчесто ако се меѓусебно во брак) добиваат и деца близнаци.
Знаците можат да се поделат и на следните категории:

  • плодни: Рак, Риби, Скорпија; неплодни: Овен, Лав, Близнаци, Девица, Водолија.
  • убави: Вага, Близнаци, Девица, Водолија
  • силни: Лав, Овен, Стрелец; слаби: Рак, Риби, Јарец
  • окултни: Рак, Риби, Скорпија, Девица, Јарец, Стрелец
  • музикални: Бик, Вага, Близнаци, Стрелец, Водолија
  • духовни: Вага, Водолија, Девица, Риби, Близнаци
  • филозофски: Стрелец, Водолија, Девица, Јарец
  • педагошки: Лав, Девица, Вага.

Се разбира дека ваквата поделба на категории е направена според сончевиот знак и не се земени во предвид останатите влијанија на планетите и осетливите места на наталниот хороскоп.