$pagetitle="Астрологијата сега"; include ("../php_in/counter.php"); ?>
Една излитена кинеска изрека вели: “Да даде Господ да живееш во интересно (во некои верзии “променливо”) време”, која кога ќе погледнеме околу себе, не знаеме дали да ја разбереме како благослов или проклетство. Нема сомнеж дека времето во кое живееме е интересно, но дали човекот е спремен да го прифати како благослов или во својата инертност на него гледа како на проклетство. Како и да е човештвото стои загледано во заматените и нејасни контури кои ги рефлектира иднината, прашувајќи се дали можеме нешто да промениме сега, за да бидат појасни и посветли идните мигови. Во денешното претежно материјалистичко - бирократистичко – голобалистичко – терористичко опкружување, човекот се губи во лавиринтите на информатичко – потрошувачкото општество оттуѓен од самиот себе си повеќе од кога и да е. И така заплашен од ударите на судбината и немоќен пред точноста на природата, се помалку верувајќи во себе, денешниот човек бара решение во нешто што ќе му ја предвиди сигурната иднина. Во тој куп на мантички вештини со кои се бомбардира јавноста, на некој начин е фрлена и Астрологијата, која за некои луѓе се разликува од гледањето на кафе по тоа што се раководи од научно, математички пресметани положби на планетите.
Астрологијата е најстара наука, а од името се гледа дека е наука која се занимава со проучување на ѕвездите?! Не се знае во кои точки во времето се јавила Астрологијата како наука. Можеби е пренесена од страна на вонземска интелигенција со цел човечката раса побрзо да еволуира. Можеби е наследство од изгубените, потонати цивилизации како Атлантида и Лемурија, кое на некој чудесен начин го преживеало потопот. Можеби е генијално откритие на некои од древните богови и полубогови. Некои се со мислење дека потекнува од Вавилон, некои повеќе се за Египќаните, но кои и да биле ја посеале по целата планета како арапска, египетска, кинеска, еврејска, индиска, астечка, келтска. Со текот на историјата била воздигнувана како приманаука кај древните цивилизации, и жестоко напаѓана како дело на нечесниот од страна на средновековната инквизиција. Сепак чие и да е дело со нејзе се користеле и светците и еретиците, секој за својата цел без да ја присвојат и да ја извалкаат.
Во својата суштина Астрологијата претставува наука која ги проучува влијанијата на небесните тела врз човекот и неговиот живот, оставајќи му доволно слободна волја самиот да одлучи кои од понудените астролошки можности ќе ги одбере.
Денес со астролошки консултации се служат видни политичари и државници, постојат влади во чиј состав се ангажирани астролози како стратешки советници. Помош од ѕвездите бараат и уметници и научници, шоумени и бизнисмени, домаќинки и кариеристи, тинејџери и старци. Секој си има своја ѕвезда под која се раѓа, само треба да се открие која ѕвезда за кого што нуди. Во Јапонија традиционално е останато секој ден да се консултираат ѕвездите, на Тибет со денови се подготвува прочуената мандала кога ќе се роди детето, додека во Индија одат дури до таму што според наталните хороскопи на новороденчињата им наоѓаат брачни партнери уште непроодени.
Астрологијата постигнува големи резултати во истражувањето на меѓучовечките односи и иднината на тие односи, така што како помошна дисциплина е влезена во социјалните истражувања. Ја има како натална (астрологија која го проучува влијанието на небесните тела на човекот), која може да биде и астромедицина, љубовна, забавна и слични астрологии. Постои и мундана астрологија која ги проучува небесните влијанија врз народите, државите, градовите, потоа хорарна која се занимава со влијанијата на планетите врз човечките дела (хороскопи на згради, организации, бродови и сл.). Влијанието на ѕвезденото зрачење врз времето и климатските промени го проучува астрометеорологијата.
Иднината или воопшто животот на една личност всушност претствува посебна комбинација од следните фактори:
Никогаш не може точно да се одреди кој елемент кога и во колкава мерка преовладува.
Може да се каже дека денес астрологијата доживува една од своите ренесанси. Во развиените земји постојат многу курсеви по астрологија кои во краток временски период ги обучуваат заинтересираните во основите на пресметувањето и толкувањето на астролошките принципи, но исто така се отвораат и активно работат и вистински високи школи и институти кои подлабоко ги истражуваат влијанијата на небесните тела. Модерната астрологија на располагање ги има компјутерите и интернетот, семинарите и високошколските установи така што не претставува само добра прилика за заработка, туку и пред се е во служба на човекот како поединец и неговиот развој во сопственото општество. Добиениот сертификат за завршен курс или било каков облик на астролошко образование не значи дека со тоа е оформен астрологот. Потребни се години посветена работа во истражување и толкување на натални хороскопи, за да се дојде до некое прифатливо ниво на разбирање, кое овозможува донекаде човекот да се снајде во многубројните астролошки влијанија и симболи.
Секој оној кој сака посериозно да ја проучува астрологијата за да им користи на луѓето помагајќи им, мора да биде внимателен и секогаш да има во предвид дека се наоѓа на многу лизгав пат. Понекогаш ни податоците за раѓањето не се сигурни, а камоли толкувањата. Животот е премногу богат и секогаш се можни исклучоци или можеби човекот сеуште не е спремен потполно да го разбере говорот на ѕвездите. Затоа внимателно со астрологијата, најопасно е кога луѓето безрезервно ќе веруваат во астрологот. На некои места во астролошката литература постои и процент на точност кој се доделува за астролошките предвидувања, а тој е седумдесет проценти. Што со оние триесет? Дали тие отпаѓаат на горе спомантите фактори на околината, дали се оставени за можна грешка во податоците и пресметките?... Или пак, сеуште е рано за човечкиот род да ја соедини својата свест со свеста на космичките сили и така допре до самата суштина на постоењето? Кога тоа ќе се случи, дали ќе постои потреба од предвидување на иднината?
Оние кои сакаат преку астрологијата да допрат до врвните сознанија за човекот и природата, работат само за себе, во тишина.